Убиство какво што не се памети се случи претходната ноќ во главниот град на Грција.
Имено наркокриминалиот шеф Вангелис Замбунис бил убиен со повеќе од 90 куршуми испукани од калашников среде бензинска пумпа во јужниот дел на Атина.
Грчката полиција трага по убијците кој ладнокрвно го ликвидираа еден од најмоќните фигури во грчкото криминално подземје.
Грчките медиуми неколку часа по ликвидацијата објавија и видео на кое се гледа како најголемиот шверцер на цигари и гориво влегува во својот џип БМВ паркирано пред бензинска пумпа, а потоа следува пеколот за него.
Зад неговиот автомобил се паркира автомобил од марката Лексуз со лажни регистарски таблички украдено од Италија пред неколку месеци, а од него излегол и убиецот кој со пушка АК-47 го леквидирал Ванегелис Замбунис.
Потоа тој ја отвора врата вади и пиштол со кој го „докрајчува“ за да биде сигурен дека е мртов.
Видеото е вознемирувачко и истото можете да го погледнете ТУКА.