Регион презеле иницијативи во Советот за безбедност на ОН

Герапетритис по средбата со Вадефул: Се согласивме дека проширувањето на ЕУ треба да остане наш стратешка приоритет

– Нашата надеж е дека за време на грчкото претседателство со Европскиот совет ќе имаме можност да го означиме првото големо проширување од Западен Балкан. Опширно разговаравме за овие прашања со драгиот пријател и колега Јохан и целосно го делиме истото мислење. Важно е да постои суштински сигнал што ќе им даде визија на земјите од Западен Балкан, по повеќе од две децении чекање. Секако, без отстапки од утврдените критериуми за членство во Европската унија, порача Герапетритис.

Герапетритис по средбата со Вадефул: Се согласивме дека проширувањето на ЕУ треба да остане наш стратешка приоритет

Се согласивме дека проширувањето на ЕУ треба да остане наш стратешки приоритет. На 23 години од Солунската агенда и со поглед кон грчкото претседателство со ЕУ во втората половина на 2027 година, сметаме дека треба да се даде нова динамика, но и визија на народите на Западен Балкан, за да се отвори патот кон Европа. Заедно со Германија ќе работиме на дополнително активирање на оваа сила, порача шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис по средбата во Берлин со неговиот германски колега Јохан Вадефул, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за надворешни работи на Грција објасни дека грчката Влада донесе одлука да преземе конкретни иницијативи за проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан кои, како што рече веќе 23 години чекаат.

-Нашата надеж е дека за време на грчкото претседателство со Европскиот совет ќе имаме можност да го означиме првото големо проширување од Западен Балкан. Опширно разговаравме за овие прашања со драгиот пријател и колега Јохан и целосно го делиме истото мислење. Важно е да постои суштински сигнал што ќе им даде визија на земјите од Западен Балкан, по повеќе од две децении чекање. Секако, без отстапки од утврдените критериуми за членство во Европската унија, порача Герапетритис.

На заедничката прес-конференција со германскиот министер, осврнувајќи се на Блискиот исток, шефот на грчката дипломатија посочи дека „безбедноста на Европската Унија е неразделно поврзана со ситуацијата на Блискиот Исток“ и уште еднаш повтори дека „Грција нема намера да се вклучи во војната што се одвива во моментов“.

На новинарско прашање за ситуацијата во Ормуска Теснина, рече дека конкретното прашање „е исклучително чувствително“, дека речиси една четвртина од нафтата и нафтените производи се транспортираат низ него и затоа, „не е можно да постои каква било закана што се однесува на движењето на бродовите што ги транспортираат овие производи“.

Објасни дека презеле иницијативи во Советот за безбедност на ОН за слобода на пловидбата и дека „во соработка со сите активни актери во регионот, со земјите од Заливот и секако со Иран, треба да се обезбеди, оваа слобода да остане целосно незасегната од каква било агресивна активност или вооружен конфликт“.

– Не веруваме дека е оптимално да постојат изолирани случаи на договори за бродови да влегуваат или излегуваат од Ормуска Теснина. Она што го посакуваме е трајно, општо и континуирано решение што ќе обезбеди мир. А ова може да се постигне само во рамки на поширок сојуз, под покровителство на меѓународните организации, а особено на Обединетите нации, објасни Герапетритис.  (МИА)

Најнови вести од Регион

To top