Регион Хрватска

Епидемијата на голема кашлица зема замав во регионот

Поголемиот дел од пациентите се на училишна возраст, од 10 до 19 години.

Епидемијата на голема кашлица зема замав во регионот

Во Хрватска се зголемува бројот на заболени од голема кашлица, а денеска е објавено дека се разболеле над 1.400 луѓе, меѓу кои 45 бебиња до една година, јави Хина повикувајќи се на Хрватскиот завод за јавно здравје.

Како и досега, најголем број заболени има во градот Загреб и во сплитско-далматинската жупанија, изјави за Хина дежурниот епидемиолог Ива Пем Новосел.

Поголемиот дел од пациентите се на училишна возраст, од 10 до 19 години. Има и помлади, но помалку, рече таа и додаде дека меѓу болните има 45 бебиња до една година, повеќето невакцинирани.

Од ден на ден во Хрватска се зголемува бројот на заболени од голема кашлица. ХЗЈЗ вчера соопшти дека има 1.230 заболени, а епидемиолозите предупредуваат дека земјата е во фаза на пораст на епидемијата, па може да се очекува зголемување на таа бројка.

ХЗЈЗ соопшти дека оваа недела имале помеѓу 200 и 400 тестирања дневно, а просечно имало околу 30 проценти позитивни.

Пертусис (голема кашлица или магарешка кашлица) е многу заразна инфекција на долниот дел на респираторниот систем, предизвикана од бактеријата Bordetella pertussis, а особено е проблематична за доенчињата и малите деца.

Епидемиолозите предупредуваат дека една од главните причини за ширење на болеста, за која веќе шеесет години постои вакцина која е составен дел од календарот за вакцинација, е сè послабата вакцинација на децата за кои оваа болест може да биде опасна.  (МИА)

Најнови вести од Регион

To top