Едно лице почина, а шестмина се повредени во силната експлозија што се случи попладнево, околу 16 часот, во голем магацин во изградба во албанскиот град Љушња.
Според албанските медиуми меѓу повредените е и пратеникот на Социјалистичката партија Бујар Чела, но не се знае во кое својство тој бил на местото.
Првите сознанија говорат дека при работа врз објектот, кран го допрел високонапонскиот далековод и поради тоа дошло до експлозија, која била многу силна, и се слушала низ целиот градот, наведуваат медиумите.
На местото на настанот се полициски сили, амбулантни и противпожарни возила. вт/ссм/