Регион оставките прифатени

Двајца министри од грчката Влада поднесоа оставки

Владини извори за грчките медиуми коментирале дека „присуството на социјален собир испратило погрешна порака“.

Двајца министри од грчката Влада поднесоа оставки

Државниот министер Ставрос Папаставру и заменик-министерот без ресор Јанис Братакос вечерва подесоа оставки, кои беа прифатени од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Од кабинетот на грчкиот премиер кусо соопштија дека Мицотакис им се заблагодарил за соработката и ги прифатил оставките.

Владини извори за грчките медиуми коментирале дека „присуството на социјален собир испратило погрешна порака“.

Оставките на Папаставру и Братакос доаѓаат откако дел од грчките медиуми објавија дека двајцата мнистри се сретнале со бизнисменот Вангелис Маринакис, кој меѓу другото е сопственик и на групацијата чиј дел е весникот „То вима“ што во неделата го објави текстот за монтираните аудиозаписи по железничката несреќа кај Темпи во која загинаа 57 лица.

To top