САД треба да прифатат дека Република Српска и нејзините граѓани никогаш нема да дозволат за нивната судбина да одлучуваат други, изјави денеска претседателот на РС Милорад Додик.
Откако американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан рече дека оригиналниот Дејтон потекнува од негово перо и дека сакаат да се фокусираат на тоа институциите на власта да функционираат како што се дизајнирани да функционираат, Додик за агенцијата Срна изјавил дека е добро да се знае дека О’Брајан смета оти сите треба и на тоа да се фокусираат.
Додик истакна дека тоа значи дека сите мора да го почитуваат Уставот на БиХ и напишаното во него, како и Дејтонскиот мировен договор.