Регион

Додик повторно најавува независност на РС, доколку Шмит наметне закон за државен имот

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска повторно изјави дека РС ќе стане независна, доколку високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина Кристијан Шмит наметне закон за државен имот.

Додик повторно најавува независност на РС, доколку Шмит наметне закон за државен имот

– Ако нелегалниот Шмит се обиде да го наметне Законот за имот, Република Српска ќе стане независна. Ако тоа се случи, Српска нема друг излез освен да се одвои и да го изрази својот независен статус. Запленувањето имот значи задушување на Србија, изјави Додик за Радио-телевизија РС (РТРС).

Тој изјави дека тоа ќе се случи, без разлика што „некои се обидуваат да испратат предупредувања од различен вид“.

Додик оцени дека РС се соочува со многу предизвици и сложена година, оценувајќи дека првиот предизвик „бил лажниот Кристијан Шмит, кој нема овластување и кој наметнува некои закони“.

Тој додаде дека РС нема намера да преземе какви било активности кои би го загрозиле мирот и би ја дестабилизирале ситуацијата во БиХ.

– Ние ќе го зачуваме мирот. Ние во РС имаме на ум само политички процеси кои треба да се водат во следната постапка. Нема активности што би го дестабилизирале или загрозиле мирот, посочи Додик.

To top