Регион Уставниот суд на БиХ го прогласи за неуставен датумот на кој се слави „денот на Република Српска“

Додик: Не ни требаат ниту колонизатори, ниту тутори, овој народ никогаш не живеел поробен

– Републиката има морален аспект кој никој не може да го урива. Република, колку гордо тоа звучи. Слободата за нас не е филозофија туку начин на живот. Тоа е она што го гледаме денес на нашите улици и градови. Слободата е она што ни треба, рече Додик.

Додик: Не ни требаат ниту колонизатори, ниту тутори, овој народ никогаш не живеел поробен

Ние политичарите мораме секогаш да знаеме дека некој некаде го дал својот живот за оваа Република. Затоа не ја даваме, рече на денешната официјална прослава на Денот на Република Српска во Бања Лука, Милорад Додик претседателот на ентитетот.

Уставниот суд на Босна и Херцеговина го прогласи за неуставен датумот на кој се слави „денот на Република Српска“.

– Републиката има морален аспект кој никој не може да го урива. Република, колку гордо тоа звучи. Слободата за нас не е филозофија туку начин на живот. Тоа е она што го гледаме денес на нашите улици и градови. Слободата е она што ни треба, рече Додик.

Тој додаде дека „на оваа нација не и требаат колонизатори ниту тутори“.

– Не ни требаат колонизатори ниту тутори. Овој народ никогаш не живеел поробен. Затоа ова не смее да се забранува, ако биде забрането значи дека сме паднале, нагласи Додик.

– Ние сме загледани во Србија и Русија и нашиот народ. Не сакаме никакви судири и нема да ги водиме. Сакаме нашите полицајци да ги бранат нашите куќи што постојат на овие простори, рече Додик во своето обраќање.

Претходно и Амбасадата на Обединетото Кралство во Босна и Херцеговина се огласи по повод неуставното одбележување на 9 јануари како Ден на Република Српска, велејќи дека непочитувањето на одлуките на Уставниот суд од 2015 и 2019 година потенцијално претставува кривично дело.

„Ставот на Обединетото Кралство за одбележување на 9 јануари како Ден на Република Српска е јасен и конзистентен. Изборот на овој конкретен датум дава приоритет на една етничка група пред другите и прекршува неколку одредби од Уставот на Босна и Херцеговина, особено оние кои се однесуваат на забраната на дискриминација, соопшти британската амбасада.

Во соопштението се додава дека „кој не ги почитува одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина од 2015 и 2019 година го поткопува владеењето на правото и потенцијално прави кривично дело“.

To top