Регион Србија

Детето монструм нема ни трошка каење за масакрот: Новата изјава на Коста Кецмановиќ ги вознемири сите

-Ме смируваа нивните плачења и крици, ладно изјавило момчето-убиец, пренесоа медиумите кои дознаа деталите од обвинението.

Детето монструм нема ни трошка каење за масакрот: Новата изјава на Коста Кецмановиќ ги вознемири сите

Коста Кецмановиќ, кој на 3 мај минатата година изврши масакр во ОУ „Владислав Рибникар“ кога уби девет ученици и училишен чувар, во Специјалниот суд ќе сведочи во постапката против неговите родители на 8-ми октомври, а во во просториите на Специјалниот суд ќе биде придружуван од старател.

Во текот на истрагата беа откриени детали кои прво покажаа дека не е сосема точно дека Коста бил совршено прецизен за време на неговиот крвав поход, а во обвинението се наведени и неговите одговори поврзани со злосторството што го направил.

Како што се наведува понатаму, момчето тврдело дека не се сеќава кого убил, не ги памети неговите жртви или нивната крв, а на прашањето како се чувствувал кога пукал во пријателите, рекол дека му било непријатно бидејќи тој ден пукал за првпат без слушалки кои служат за намалување на јачината на звукот. Рекол дека многу полесно ќе ја реализирал намерата да ги убие своите врсници доколку имал слушалки.

Сепак, она што беше уште позапрепастувачки е фактот што тој потоа призна дека непријатноста што ја чувствувал на почетокот се претворила во смирувачки звуци.

На почетокот, раскажал, барал од жртвите да молчат, а потоа бил задоволен од нивните врисоци.

-Ме смируваа нивните плачења и крици, ладно изјавило момчето-убиец, пренесоа медиумите кои дознаа деталите од обвинението.

Истрагата утврдила дека тој го испланирал својот крвав масакр, како и дека ги спакувал двата пиштоли на татко му во ранец и намерно доцнел на училиште, за да го реализира својот план.

To top