Регион Албанија

Десетици угинати птици во Валона, најверојатно од птичји грип

Десетици угинати птици во Валона, најверојатно од птичји грип

Во албанскиот приморски град Валона, во областа „стара плажа” пронајдени се десетици угинати птици.

-По добиената информација од жителите од областа, стручни лица од ветеринарната служба пристигнаа и земаа мостри кои ги испратија на анализа до Институтот за безбедност на храна и ветеринарство во Тирана. Одговорот се очекува за три дена. Сепак основано се сомневаме дека причина е птичји грип, соопштија од ветеринарната служба.

Додаваат дека за да се елиминира ширењето на грипот, птиците биле уништени.

Посочуваат дека ризикот од преминување на вирусот кај луѓето е мал и оти преносот се јавува преку контакт со болни птици.

Претходно во земјата беа регистрирани две жаришта со птичји грип во фарми со живина.

To top