Новоизбраната претседателка на српското Национално собрание Ане Брнабиќ изјави денеска дека изборот на новата функција е голема чест, привилегија и обврска за неа да продолжи да работи за доброто на Србија и за нејзините граѓани, пренесува „Политика“.
„Благодарна сум им на народните пратеници за изборот за претседател на Народното собрание на Република Србија. За мене оваа позиција е голема чест, привилегија и обврска, како и досега, да продолжам да работам за благосостојбата, развојот и стабилноста на Србија и на сите нејзини граѓани. Да живее Србија!“, напиша Брнабиќ на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
Брнабиќ денеска со гласовите на 153 пратеници беше избрана за претседател на собранието на Србија, а против беа пет пратеници, јавува „Танјуг.“
За изборор на Брнабиќ гласаа пратениците кои влегоа во собранието од листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ и „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“, Сојузот на војводинските Унгарци и партиите на националните малцинства.
На гласањето не присуствуваа пратениците на коалицијата „Србија не смее да запре“ и „НАДА“, а против беа или не присуствуваа пратениците на „Ние гласот на народот д-р Бранимир Несторовиќ“ и „Ние гласот на народот“.