Најмалку 33 деца деца изминатата ноќ во тешка алкохолизирана состојба се примени на Воено-медицинската академија (ВМА) во Берлград поради труење со алкохол во ноќниот клуб „Синер“ во главниот град на Србија.
На ВМА се примени 33 деца до 15 години кои биле во тешка алкохолизирана состојба. Според лекарите, 12 деца имале до 2,8 промили алкохол во крвта.
Белградски медиуми јавија дека децата најверојатно се затруле со неквалитетен алкохол, што се служел во клубот. Од клубот соопштија дека просторот бил изнајмен во средата навечер за приватна прослава и дека управата на клубот нема никаква врска со тие настани.
Вишото јавно обвинителство соопшти дека отворило предмет и нареди да се откријат одговорните.