Регион ГРција

Анкета: Колку Грците веруваат во теории на заговор?

Дали земјата е рамна?; Дали вакцините содржат микрочип?; Дали климатските промени се лага?; Дали 5Г технологијата го контролира мозокот?, се дел од прашањата во истражувањето на јавното мислење „Колку Грците веруваат во теории на заговор“ спроведено од „Aboutpeople“ за грчкиот информативен портал „Њуз247“, а мнозинството одговори се негативни, јави дописничката на МИА од Атина.

Најмалку прифатена е теоријата дека земјата е рамна, само 1,1 процент веруваат дека ова тврдење е точно, а 95,7 отсто одговориле негативно.

Најголема е резервираноста на граѓаните во однос на тоа „дали е пронајден лек за ракот, а некои го кријат“, со 35,2 отсто кои одговориле позитивно, 49,6 негативно, а 15,2 проценти немале став.

Меѓу седум и осум од десет Грци ги отфрлаат теориите дека „вакцините содржат микрочип и ја менуваат ДНК“, дека „технологијата 5Г може да го контролира мозокот“, дека „климатските промени не постојат“, но и дека „нè прскаат од авионите“.

Поконкретно, за 5Г технологијата, 7,3 отсто сметаат дека може да го контролира човечкиот ум, 81,4 отсто не се согласуваат со ова тврдење, а 11,3 проценти не изразиле став.

Во однос на климатските промени, 14,1 отсто веруваат дека не постојат и дека станува збор за лага, додека 79,2 проценти одговараат негативно.

Паралелно, 13 отсто мислат дека вакцините ја менуваат ДНК или содржат микрочипови, додека 74,9 проценти не ја прифаќаат оваа теорија, а 12,1 отсто немаат став.

За теоријата дека „нè прскаат со хемикалии од воздух“, 18,9 проценти одговориле позитивно и 72,1 отсто негативно.

На прашањето „Дали постои таен план за замена на населението преку миграција“ 30,2 проценти се согласуваат, 57,1 отсто не веруваат во ова, а 12,7 проценти од испитаниците не се изјасниле.

Истражувањето било спроведено од 13 до 17 ноември годинава со анкетирани 1.536 лица на возраст од над 17 години.

Најнови вести од Регион

To top