Регион србија

Ана Брнабиќ повеќе нема да биде премиерка, туку кандидат за претседателка на српското собрание

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека досегашната премиерка Ана Брнабиќ ќе биде кандидатка за претседателка на Собранието на Србија. Одлуката е донесена по состанокот на претседателството на владејачката Српска напредна партија (СНС).

Таа истакна дека новата функција ќе биде голем предизвик за неа и дека ќе мора многу да научи, објавено е на страната на СНС Инстаграм, пренесува Н1.

„Ова сега е сосема друга работа и почнувам да учам уште од вечерва“, изјави Брнабиќ.

Мора да продолжиме да работиме, за што побрзо да се формира сè во Парламентот, се разбира претседателот на Собранието, комисиите и сè останато, а Владата да продолжи со работа, додаде Брнабиќ.

Таа изјави дека и е најголема чест да биде премиер и да работи рамо до рамо со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Вучиќ вчера изјави дека „тој ја молел за нешто друго, но дека таа избрала да биде претседателка на Собранието на Србија“.

Брнабиќ е премиерка на Србија во три мандати, почнувајќи од 2017 година.

Во српската влада влезе во август 2017 година како министерка за државна администрација и локална самоуправа.

Вучиќ напомена дека сè уште не одлучиле кој ќе биде мандатар за состав на нова влада на Србија. Наведе дека како шеф на СНС Милош Вучевиќ предложил да се причека уште 7-10 дена пред изборот и објавувањето на името на мандатарот.

На состанокот е одлучено дека кандидат на СНС за градоначалник на Белград на повторените избори ќе биде Александар Шапиќ.

Во Србија на 17 декември лани се одржаа вонредни парламентарни, покраински и локални избори во 65 општини и градови, меѓу кои и во Белград.

Изборите во Белград се повторуваат бидејќи немаше потребно мнозинство за да се формира власта.

To top