Централна банка на Албанија објави дека дознаките на иселениците минатата година достигнале износ од 1,12 милијарди евра, што е највисоко ниво забележано досега.
Според официјалните податоци од Банката, во споредба со 2024 година, кога овие дознаки изнесуваа 1,04 милијарди евра, ова резултира со зголемување од 73,69 милиони евра, или 7,1 отсто.
Италија, Грција, Германија и Велика Британија остануваат главни канали за испраќање пари во земјата, поради големиот број емигранти кои живеат и работат во овие земји.
Албанската дијаспора претставува една од најважните заедници надвор од територијата на Албанија, во однос на големината на резидентното населението во земјата.
Во 2025 година, според индиректни проценки, бројот на новата дијаспора се проценува на околу 2,25 милиони граѓани во странство или околу 49% од вкупниот број на албански граѓани. (МИА)