Регион построги казни за нелегална градба

Албанскиот парламент ги усвои измените во Кривичниот законик со кој се дава поголема безбедност за новинарите

По одобрувањето на законскиот пакет, албанскиот министер за правда, Бесфорт Ламалари, напиша на социјалните мрежи дека оваа одлука е важен чекор кон зајакнување на владеењето на правото и исполнување на обврските на Албанија во процесот на европска интеграција.

Албанскиот парламент ги усвои измените во Кривичниот законик со кој се дава поголема безбедност за новинарите

Албанскиот парламент, со 85 гласови „за“ и 10 против утрово одобри пакет измени на Кривичниот законик, со кои се дава поголема безбедност за новинарите со декриминализација на клевета од нивна страна, како и казни од две до пет години затвор за закана или напад врз нив.

Измените на Кривичниот законик предвидуваат и построги казни за нелегална градба и предизвикување намерно пожар.

По одобрувањето на законскиот пакет, албанскиот министер за правда, Бесфорт Ламалари, напиша на социјалните мрежи дека оваа одлука е важен чекор кон зајакнување на владеењето на правото и исполнување на обврските на Албанија во процесот на европска интеграција.

Ламалари рече дека следниот „голем предизвик“ е нацртот на нов Кривичен законик, додавајќи дека неговата подготовка е во тек.  (МИА)

To top