Регион албанија

Албанската влада воведе дигитална министерка за Вештачка ителигенција

Со револуционерен потег, денеска премиерот на Албанија, Еди Рама, го претстави својот нов кабинет за четвртиот мандат и ја најави „Диела“ – првата министерка создадена со вештачка интелигенција.

Диелла ќе има неограничени можности и нема да биде ограничена од географски граници. Таа ќе биде задолжена за надзор на јавните набавки и ќе го олеснува работењето на владините институции, отворајќи нова ера во политиката и администрацијата.

„Ова е првпат во историјата на Албанија да имаме министер кој е целосно дигитален. Диелла ќе ни помогне да работиме побрзо, поефикасно и по транспарентно“, рече Рама пред делегатите на Националната асамблеја на Социјалистичката партија.

Премиерот потенцираше дека дигитализацијата и иновациите се клучни за иднината на државата. „Партиите се менуваат на секои четири години, но нашата обврска е да ја водиме државата кон 2050 година. Диелла е доказ дека ние мислиме чекор понапред“, додаде Рама.

Виртуелната министерка ќе биде достапна за јавноста и институциите преку дигитални канали, иако нема физичко присуство во кабинетите. Овој потег веќе предизвика голем интерес во светските медиуми и отвори дискусија за иднината на вештачката интелигенција во владини функции.

To top