Регион урива рекорд

Албанија лани ја посетиле рекордни над 12 милиони странски туристи

Со разновидни понуди во културниот, природниот, кулинарскиот, спортскиот туризам и пошироко, ја зацврстува својата позиција на меѓународната туристичка мапа“, напиша тој на Фејсбук.

Албанија лани ја посетиле рекордни над 12 милиони странски туристи

Албанија минатата година забележа рекордна бројка, од над 12 милиони странски туристи. Објавувајќи ја информацијата, министерот за туризам, култура и спорт, Бленди Гонџја, оценува дека таа бројка ја потврдува „консолидацијата на земјата како туристичка дестинација преку целата година“.

„За посета на нашата земја има интерес и надвор од летната сезона. Со разновидни понуди во културниот, природниот, кулинарскиот, спортскиот туризам и пошироко, ја зацврстува својата позиција на меѓународната туристичка мапа“, напиша тој на Фејсбук.

Posted by Ministria e Turizmit, Kulturës dhe Sportit on Понеделник, 5 јануари 2026

Според него Албанија е туристичка дестинација преку целата година, со атракции од секаков вид.

„На југ, плажите со камчиња и бистра вода привлекуваат најголем број посетители, додека на север многу посетители се упатуваат кон Тет и Валбона. Ѓирокастро, Берат, Бутринти, Круја, Тирана, Скадар итн. се барани дестинации во секоја сезона за историски и културен туризам, наведува Гонџја.

Додава дека музеите и националните паркови, исто така, привлекле стотици илјади туристи во текот на 2025 година.

Со рекордната посетеност преку објава на Фејсбук се пофали и премиерот Еди Рама.

„Албанија урива рекорд со надминување на 12 милиони посетители со странски пасоши, во текот на 2025 година, напиша Рама.

Во текот на 2024 година таа држава ја посетиле над 11,7 милиони странски туристи, со зголемување од 15,2 отсто во однос на 2023 година.

Најнови вести од Регион

To top