Регион Одлука на Апелациски арбитражен суд во Париз

Албанија ќе мора да му исплати 110 милиони евра на италијанскиот бизнисмен Бекети

Апелацискиот суд во Париз дефинитивно го отфрли барањето на Албанија за поништување на одлуката за меѓународна арбитража на ICSID, која ја задолжува на италијанскиот стопанственик Франческо Бекети да му исплати 110 милиони евра, што претставува една од најголемите загуби на Албанија во арбитражниот суд.

– Албанија тврдеше дека судското тело ги прекршило процедуралните правила и ги пречекорило своите овластувања, но францускиот суд пресуди дека постапката била следена во согласност со меѓународните стандарди. Со оваа одлука финансиската казна мора да се исплати, објави „Лајме јаворе“, во написот под наслов „Парите ќе излезат од џебовите на Албанците, Бекети ја победи Албанија-еве која огромна сума ќе треба да се плати“.

Случајот се однесува на дејствијата на албанските власти против бизнисите на Бекети во текот на 2014-2015 година, вклучувајќи заплени на средства, замрзнување на сметки и затворање на телевизискиот канал Агон, што ICSID го сметаше за неправеден третман и прекршување на меѓународниот договор со Италија.

Според медиумите, се очекува одлуката, исто така, негативно да влијае врз перцепцијата на Албанија за инвестициската клима, а воедно да предизвика сериозни загрижености за начинот на кој државата управува со односите со странските инвеститори.

Судот во Тирана во 2022 година го осуди Бекети на 17 години затвор по обвинението за даночно затајување и перење пари. Случај датира од 2015 година, Бекети ги негираше обвиненијата, обвини дека целиот случај против него е политички мотивиран и ја напушти Албанија.

To top