Албанските власти ја прогласија за „стратешки инвеститор“ компанијата на познатиот американски бизнисмен и инвеститор, Џаред Кушнер, зет на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, кој на ненаселен остров во близина на јужниот брег на земјата, ќе гради луксузни одморалишта.
Владиниот комитет за стратешки инвестиции (ЗНД) на крајот на декември го одобри предлогот на фирмата на Џаред Кушнер, Atlantic Incubation Partners LLC, според документот објавен на интернет.
Компанијата планира да инвестира околу 1,4 милијарди евра за изградба на комплекс од вили и хотели на 45 хектари земја на островот Сазан, кој бил воена база во времето на Студената војна.
Неговиот „стратешки“ статус ќе му овозможи на проектот „да има корист од забрзаните процедури и други придобивки“. Потегот дојде откако Трамп треба да ја преземе функцијата в понеделник.
На Балканот, Кушнер минатата година ги објави плановите за инвестирање во недвижен имот во Србија.
Некои критичари ги обвинија Кушнер и неговата сопруга Иванка Трамп дека го користат своето време во Белата куќа за да обезбедат деловни зделки со странство. Албанската влада долго време се обидува да ја зајакне својата економија преку туризмот, што предизвика градежен бум долж големи делови од крајбрежјето на земјата.
Островот Сазан во минатото се користел исклучиво како воена база. Но, декретот потпишан во декември од претседателот Бајрам Бегај го отстрани од списокот на локации за распоредување и обука на вооружените сили на земјата.
Компанијата на Кушнер сега ќе мора да преговара за договор со државната стратешка инвестициска корпорација, додека голем број албански институции, вклучително и неколку министерства, ќе ѝ бидат на располагање за да помогнат во трансферот на сопственоста и да се подготви документацијата.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно изјави дека, од островот Сазан, инвестицијата на Кушнер, ќе направи „бисер на туризмот на Медитеранот“. Според него оние кои зборуваат за уништување на заштитени подрачја лажат, бидејќи, како што рече тој, Сазан никогаш не бил заштитено подрачје, освен за војниците на Енвер Хоџа.