Потрагата по телото на двегодишното девојче Данка Илиќ сега е насочена на сосема нова локација, неколку километри оддалечена од куќата на убиецот Драгијевиќ, каде претходно беше пребаран дворот на осомничениот.
Потсетуваме, по деталниот претрес на бунарот, дворот, куќата и другите помошни објекти на сосетката Драгица, полицијата работата ја насочила кон дворот на осомничениот Дејан Драгијевиќ, откако со лисици на рацете бил донесен еден од браќата Драгијевиќ, кои, да потсетиме, заедно со таткото исто така беа приведени за истото дело.
Комбинираниот багер работел со часови, а покрај пожарникарите и спасувачите, биле присутни и вештаци од судска медицина, по што сите заедно се повлекле носејќи најверојатно докази во вреќи кои ќе бидат испратени на вештачење.
Покрај еден од осомничените кој бил на местото на настанот каде е извршен денешниот претрес, била донесена и мајката на убиецот Драгијевиќ, која пред тоа била сослушана.
За жал, и покрај темелната потрага, агонијата продолжува бидејќи телото на девојчето не е пронајдено.