Регион Косово

11 декември е крајниот рок за поднесување на листата со кандидати за февруарските парламентарни избори

Барањата за потврда на политичките субјекти мора да се достават до ЦИК, односно до Управата за регистрација, потврда и финансиска контрола на политичките субјекти.

11 декември е крајниот рок за поднесување на листата со кандидати за февруарските парламентарни избори

Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово денеска соопшти дека 11 декември е последниот рок за пријавување на политичките субјекти за потврдување и поднесување на листа на кандидати за пратеници за изборите за Собранието на Косово, што ќе се одржат на 9 февруари 2025 година.

Барањата за потврда на политичките субјекти мора да се достават до ЦИК, односно до Управата за регистрација, потврда и финансиска контрола на политичките субјекти.

Исто така, во тој период политичките субјекти (политички партии, коалиции, граѓански иницијативи и независни кандидати) мора да поднесат листа на кандидати за пратеници.

To top