Вести намалување на царинските давачки

Пренџов: Создаваме економија што работи за граѓаните, за компаниите и за иднината на нашата земја

посветуваме на економијата во пракса – не на економијата на хартија. Ова се решенија што носат резултати“, додаде Пренџов.

Пренџов: Создаваме економија што работи за граѓаните, за компаниите и за иднината на нашата земја

Вчера, Собранието на Република Македонија го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за царински тарифи, изјави Љупчо Пренџов, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

„Со оваа законска интервенција, правиме важен и конкретен чекор напред во спроведувањето на економски реформи кои носат реални резултати.
Создаваме економија што работи – и тоа не теоретски, туку практично – економија што работи за граѓаните, за компаниите и за иднината на нашата земја.
Со изгласувањето на овие измени, Собранието даде зелено светло на планот на Владата за намалување на царинските давачки за голем број суровини и репроматеријали кои се клучни за домашната индустрија и енергетскиот сектор“, додаде тој.

„Списокот опфаќа 67 производи, и е изработен на транспарентен и инклузивен начин, во соработка со Стопанската комора и бизнис-заедницата.
Со предлогот се предвидува намалување до 50% на царинските стапки кои важат во ЕУ.
Дополнително, се укинуваат царините за увоз на стоки со потекло од САД“, изјави Пренџов.

„Овие мерки ќе имаат повеќеслојно позитивно влијание:
1. Намалени трошоци за производство,
2. Подобрена конкурентност на домашните компании на странските пазари,
3. Поттикнување на нови инвестиции и отворање нови работни места.

Ова не се само економски бројки – ова се одлуки со директно влијание врз секојдневната економија, врз реалните процеси во фабриките, малите бизниси, и извозно ориентираните компании.
Укинувањето на царините за стоки со потекло од Соединетите Американски Држави не е само трговска, туку и стратешка и дипломатска одлука – сигнал за нашата зголемена подготвеност за продлабочена економска соработка со стратешките партнери и поддршка за слободната и фер трговија“, потенцира Пренџов.

„Со оваа законска измена:
– македонските компании ќе бидат поконкурентни,
– цените на производството ќе се намалат,
– извозот ќе се зголеми,
што директно ќе се одрази врз растот на националната економија.
Ова е само еден сегмент од поширокиот План за економски раст – план што нуди издржани, применливи и проверливи решенија за подинамична економија и ефикасно домашно производство.
Се посветуваме на економијата во пракса – не на економијата на хартија.
Ова се решенија што носат резултати“, додаде Пренџов.

Најнови вести од Вести

To top