Пет лица загинаа во пожар што избувна денеска во мотел во Романија.
Во мотелот во селото Тохани во областа Прахова во моментот на пожарот, кој сега е изгаснат, имало 26 лица, а меѓу жртвите има и едно дете.
Од Генералниот инспекторат за вонредни состојби соопштија дека екипи се на терен. Се трага по лица кои се водат за исчезнати.
Пожарот зафатил околу 1.000 метри квадратни, а причината за неговото избувнување се уште не е позната.