Фудбал

Омерагиќ: Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи

Омерагиќ: Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати честитки за нашите фудбалери, за нивната борбеност и покажаниот карактер на натпреварот против Лихтенштајн.

„Сакам од срце да им честитам на нашите фудбалери за победата, карактерот и борбеноста. Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи, кои уште еднаш покажаа дека се најдобрите на светот. Благодарност до сите.

Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите во големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе. Како знак на поддршка и солидарност, сакам да најавам дека приходот од влезниците за нашиот следен натпревар против Велс ќе биде дониран за повредените и семејствата на загинатите.

Ова е време кога фудбалот покажува дека е повеќе од игра – фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат. Да продолжиме заедно, со срце и со верба за Македонија. Се гледаме во вторник на Националната арена“, изјави претседателот Омерагиќ.

Македонската репрезентација на 25 март ќе го пречека Велс на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Почетокот на натпреварот е закажан за 20:45 часот.

To top