Информациите на италијанските медиуми се дека првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис е под истрага за трансферот на Виктор Осимен.
Трансферот на нигерскиот напаѓач беше под истрага поради играчите кои Наполи ги испрати во Лил како дел од зделката.
Клубот беше обвинет дека на фудбалерите им биле додавани лажни вредности, односно цените биле „напумапни“.
Осимен пристигна во клубот во летото 2020 година и беше наведено дека клубот платил 71,2 милиони евра за напаѓачот.
Четири играчи му беа понудени на Лил како дел од трансферот и според Наполи, тие играчи беа проценети на 21 милион евра. Стануваше збор за фудбалерите Луиџи Лигоури, Клаудио Манци, Чиро Палмиери и голманот Орестис Карнезис.