Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар (32) се враќа во својот матичен клуб – Сантос. Според познатиот бразилски новинар Цезар Луис Мерло, трансферот е финализиран, а Нејмар ќе го раскине огромниот договор со саудискиот Ал-Хилал на крајот од годината.
Во моментов, тој се опоравува од сериозна повреда на коленото што го мачи подолг период.
Нејмар потпиша договор со Ал-Хилал во август 2023 година, кој му носи околу 100 милиони евра годишно и е со важност до 2025 година. Во Сантос нема да добие ниту приближно толкава плата, но ќе има можност повторно да игра за клубот каде што ја започна својата кариера.
Нејмар за Сантос одигра 177 натпревари и постигна 107 голови, дебитирајќи таму како професионалец.