Вести

Намалена видливост поради магла на планинските правци

Намалена видливост поради магла на планинските правци

Поради појава на магла, видливоста е значително намалена на неколку планински правци. На планинскиот премин Плетвар видливоста е до 100 метри, кај Крушево до 20 метри и на патниот правец Попова Шапка – село Лисец до 40 метри.

-Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Оттаму со препорака за прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести од Вести

Теми на денот

To top