Вести прес-конференција

Митева: Зошто Филипче 6 години не ги пријавил 5 стана во Скопје, уште во 2018 година кога станал министер, ДКСК да отвори предмет

СДС и Филипче молчат повеќе од 48 часа за 5 стана на Венко Филипче во Скопје, кои сега 6 години откако првпат стана функционер пријавува дека ги поседува, а со нив се стекнал пред воопшто да влезе во политика, рече на денешната прес-конференција пратеничката Марија Митева.

Загрижува молкот и од надлежните институции. Доволно е да се погледнат двата анкетни листови на Филипче од 2018 и 2024, и ќе се дојде до едноставен заклучок дека имотот кој го поседува сега е стекнат пред 2018, но тоа не го пријавил кога станал министер. Уште пофрапантно е што пак имотот кој го пријавил во 2018 година не го пријавил сега, а ниту пријавил остварени приходи од продажба. Апелираме ДКСК веднаш да отвори предмет и ЈО да поведе постапка за Филипче. Недвижниот имот кој Филипче го пријавил во 2018, а сега го нема е над 600.000 евра. Каде е имотот, а ако го продал зошто не ги пријавил парите? Недвижниот имот кој Филипче пак го пријавил во 2024 година, а потенцираме е стекнат пред 2018 година, согласно достапните информации може да се процени на над 700.000 евра, истакна Митева.ЉЉ

Дали Венко Филипче криел имот и притоа заборавил што пријавил во 2018 година? Колку уште имот крие Венко Филипче? Ако се собере вредноста на недвижниот имот на Филипче од 2018 и 2024 година се доаѓа до сума од над 1.3 милиони евра. Институциите не смеат да останат неми. Филипче и СДС наместо да молчат треба да почнат да даваат одговори, додаде Митева.

To top