Вести

Маж украл сирење во вредност од 300.000 фунти

Маж украл сирење во вредност од 300.000 фунти

Полицијата во Велика Британија уапсила 63-годишен маж под сомнение дека во Лондон украл старо сирење чедар во вредност од 300.000 фунти (356.000 евра), пишува американската ТВ Ен-Би-Си.

Повеќе од 24 тони сирење неодамна беа украдени од една од најпознатите британски млечни компании, соопштија властите.

Осомничениот е приведен поради сомнение за измама со „лажно претставување и ракување со украдена стока“.

– Тој беше одведен во полициска станица во јужен Лондон, каде што е испрашуван, а подоцна пуштен со кауција во очекување на истрага, изјави портпаролот на британската полиција.

Чедарот е земен од млекарницата „Нилс Јард Дејри“ на 21 октомври, објави компанијата на Инстаграм.

Измамникот, кој се претставил како дистрибутер на француска компанија, зел 950 ролни занаетчиски подготвен и одлежан чедар завиткан во ткаенина, соопшти компанијата чиј магацин за сирење останал празен.

Компанијата повика „ако некој некому понуди или достави сирење за кое веруваат дека е поврзано со оваа кражба, особено чедар во ткаенина во ролни од 10 или 24 килограми без ознаки на производителот“, да ја известат со цел „да ја поддржат полицијата во истрагата“.

Најнови вести од Вести

To top