Вести Премиер лига

Манчестер Јунајтед го порази Арсенал на „Емирати“

Во дербито на 23. коло од англиското фудбалско првенство, Манчестер Јунајтед вечерва го победи водечкиот Арсенал во Лондон со 3-2 како гостин и се искачи на четвртото место на табелата.

Јунајтед ја забележа првата победа на гостувањето во северен Лондон од 2018 година, а Арсенал на врвот на табелата сега има четири повеќе од Манчестер Сити и Астон Вила.

Лондонскиот состав поведе во 29. минута со автогол на Лисандро Мартинез, но осум минути подоцна, Брајан Мбемо ја искористи грешката на Мартин Зубименди за израмнување на резултатот.

Во 50. минута, Патрик Доргу со прекрасен шут од далечина донесе целосен резултатски пресврт.

По примениот гол, Арсенал тргна офанзивно и дојде до израмнување во 84. со голот на Мерино.

Сепак, само три минути подоцна уште еден прекрасен гол од далечина, овој пат од Матеуш Куња, ја обезбеди победата на Јунјатед, втора по низа по триумфот минатата недела во градското дерби против Манчестер Сити.

Арсенал го претрпе првиот пораз дома оваа сезона и е без победа во три последователни натпревари во англиското првенство

Најнови вести од Вести

To top