Зошто СДС не лобираше кај Шолц од нивната сестринска партија, да го извади бугарскиот премиер од состанокот додека се гласа за Македонија да почне преговори?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Од почетокот на преговорите со ЕУ на Украина и Молдавија видовме дека се се може ако се сака, ако ЕУ имаше интерес да почнеме преговори ќе најдеше начин да ја убеди Бугарија.
Почетокот на преговорите за Украина и Молдавија, е доказ дека причина зошто не сме почнале преговори со ЕУ, не е Бугарија, туку криминалот и корупцијата на власта.
Ако е Бугарија само проблем, таа ќе била решена, проблем е криминализираната власт, со која никој од ЕУ не сака да седи на маса.
Не запира да зачудува мазохизмот на СДС и ДУИ, кои и по сите добиени шамари и јасни сигнали дека во Македонија има епидемија од корупција, тие продолжуваат да спроведуваат штетни политики, наместо да понесат одговорност.
Со СДС и ДУИ Македонија не може подобро. Потребна е нова влада која ќе се грижи за националните интереси и ќе се бори против криминалот и корупцијата, стои во партиското соопштение.