Македонија имале шанса

Зошто Палевски не беше уапсен откако со нелегално оружје беше фатен како копа злато во Демир Капија?!

Љупчо Палевски Палчо познат по многу матни зделки, кривични дела, ширење на говор на омраза по медиуми, но сепак толериран од властите. Откако го уби 14 годишно девојче Вања Ѓорчевска се поставуваат многу прашања меѓу другото дали ако беше навремено санкциониран и ја немаше таа слобода која ја имаше ќе дојдеше до ова.

Зошто Палевски не беше уапсен откако со нелегално оружје беше фатен како копа злато во Демир Капија?!

Љупчо Палевски Палчо познат по многу матни зделки, кривични дела, ширење на говор на омраза по медиуми, но сепак толериран од властите. Откако го уби 14 годишно девојче Вања Ѓорчевска се поставуваат многу прашања меѓу другото дали ако беше навремено санкциониран и ја немаше таа слобода која ја имаше ќе дојдеше до ова.

Зошто Палевски беше толериран од страна на македонските власти, односно од обвинителството и полицијата? Како еден од последните примери е и тоа зошто не беше уапсен кога беше фатен како нелегално носи оружје односно пиштол додека барал злато кај Демир Капија.

Иако тогаш бил фатен од полицијата тој не бил уапсен, туку според полициското соопштение само му бил одземен пиштолот.

МВР тогаш соопшти дека на 5 мај 2023 година полициски службеници на Палевски му го одзеле пиштолот кој го носел без дозвола, станува збор за пиштол „Валтер“ калибар 9 мм.
Како е возможно некој да носи пиштол без дозвола, а МВР да не го приведе, да не го санкционира? Како не се запрашаа колку нелегални пиштоли има такво лице, и најважно од се дали потоа пиштолот му бил вратен?

Според официјалните информации соопшптени лично од министерот Спасовски токму Палевски е лицето кое пукало во Вања и Панче, а вчера беше соопштено дека се пронајдени и два пиштоли. И токму тука се јавуваат сомнежите и оној гнев кој се собира кај јавноста, зошто не се спречи порано, дали можеше да биде поинаку ако Палевски беше тогаш приведен, ако Палевски во меѓувреме беше санкциониран и за другите работи и не беше толериран.

А дека беше толериран тоа е општо познато иако бројни се неговите дела. Истиот лик позади себе има потерница од Хрватска, приведување во Белград при обид за бегство. Понатаму во земјава пуштање на нелегално стекнати снимени материјали или познати како „бомби“. Меѓу другото има и фалсификување на патна исправа, даночно затајување, омаловажување на полицајци и така натаму.

Значи еден лик кој во земјава и странство правел криминал, фатен како фалсификува патна исправа, фатен при обид за бегство, фатен со нелегален пиштол, познат по ширење на говор на омраза некако успевал да остане на слобода и слободно да продолжува да хара. Практично невозможно е да ја има оваа слобода ако немал заштита од оние кои треба да го санкционираат а тоа се државите органи.

To top