Заменик министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков во Берлин учествуваше на 6 Форум за млади од Западен Балкан во рамките на Самитот 2024 кој е дел од Берлинскиот процес.
ЗМЕП Трајков пред присутните зборуваше за приоритетите и политиките за млади кои се дел од програмата на македонската Влада и отворените можности за младите посебно во делот на едукација на формално и неформално образование при членството во Европската Унија за нашата земја.
На покана на RYCO, најголемата организација за младински политики, ЗМЕП Трајков зборуваше на панелот посветен на европските проекти наменети за младите од Западен Балкан, за искористеноста на програмите за размена како и важноста од пристапните фондови во делот на младинските политики.
-Последните бројки велат дека 32.000 студенти биле дел само од Еразмус+ програмата на ЕУ, што за нас е од особено значење бидејќи стекнале знаење и искуство надвор а го споделиле меѓу своите во својата земја, рече ЗМЕП Трајков.
На панелот покрај ЗМЕП Трајков, учествуваа и Ниелс Фон Редекер, рaководител на единицата за Западен Балкан на GFFO, Тобијас Бутов, генерален секретар на OFAJ и Клои Каучи, претседателка на Бордот на Европдкиот Форум за млади.
Плановите и програмата на новата македонска Влада се целосно посветени на задржување на младите во државата. За тоа да се оствари, потребни ни се реформи и интеграција во Европската Унија.