Македонија

Златев до Димовски: Аргументите да си ги чуваш за на суд, ќе барам оштета исклучиво од твој запленет имот

Внатрешната истрага довела до сознанија за оформување предмети за оперативни обработки на опозицијата, лидер на опозициска партија и група новинари и медиуми чија цел, според предметот, била уривање на власта.

Златев до Димовски: Аргументите да си ги чуваш за на суд, ќе барам оштета исклучиво од твој запленет имот

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) доставила три известувања до Јавното обвинителство за еден поранешен директор и група вработени во АНБ поради индиции за незаконско, непрофесионално и неетичко постапување.

Известувањата, како што велат од АНБ, се резултат на внатрешна истрага спроведена по смената на власта во 2024 г., а се однесуваат на постапувања во периодот од 2019 до 2024 г.

Внатрешната истрага довела до сознанија за оформување предмети за оперативни обработки на опозицијата, лидер на опозициска партија и група новинари и медиуми чија цел, според предметот, била уривање на власта.

Во врска со овие информации во јавноста, преку социјалните мрежи се огласи и екс директорот на Агенцијата, Влатко Димовски.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

-Денес е ден за славење, а од утре аргументиран одговор на наводите од брифинг во АНБ одржан деновиве…, напиша на Фејсбук, Димовски.

На ова следуваше одговорот од новинарот Љупчо Златев.

-Најдобро е аргументите за аргументираниот одговор да си ги чуваш за на суд. Инаку, како оштетена страна – ќе барам државата да ми исплати оштета исклучиво од твој запленет имот, не се другите даночни обврзници виновни за твојот монструозен болшевистички мозок. Ќе си лежиш и ќе си платиш, му одговори Златев во коментар.

Screenshot / Facebook

Најнови вести од Македонија

To top