Во Македонија денеска за прв пат се избира премиер Албанец.
Арбен Зибери од редовите на ДУИ во „Отворено студио“ на ТВ21 истакна дека денеска е посебен ден за Албанците, бидејќи ќе го имаме првиот премиер Албанец во Македонија.
„Денес е посебен ден за сите Албанци, не само за нас овде во РСМ, особено за нас кои сме пратеници во овој мандат, затоа што во овој мандат за прв пат ќе се гласа за првиот премиер Албанец и со ова денес што ќе се случи, скршено е табуто дека некои функции се резервирани за македонскиот етникум“, рече Зибери.