Македонската пејачка Калиопи вечерва требаше да одржи концерт во салата МТС во Белград, но на самиот почеток на вечерта се случи драма. Жена, на која и се слоши на почетокот на концертот, почина во салата.
На неименувана жена на возраст од околу 70 години, која на концертот дошла од Македонија во придружба на нејзината ќерка и пријатели, и се слошило непосредно пред почетокот на концертот, по што била повикана брза помош.
Салата била испразнета за да и помогнат лекарите, но иако била реанимирана 30 минути, жената починала. Очевидци изјавиле дека Калиопи била во солзи и дека веднаш по веста за смртта на жената, таа била со нејзината ќерка.
Српските медиуми пренесуваат дека пејачката по трагедијата била однесена во полициска станица за да даде изјава.