Македонија

Зголемена фреквенција на возила на Табановце, на останатите гранични премини нема подолги задржувања

Зголемена фреквенција на возила на Табановце, на останатите гранични премини нема подолги задржувања

На ГП Табановце има зголемена фреквенција на возила за влез и излез од државата, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти попладнево АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

To top