Македонија

Земјотрес од 3 степени ја стресе Македонија- еве каде беше епицентарот

Земјотрес од 3 степени ја стресе Македонија- еве каде беше епицентарот

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија денеска во 12 часот и 09 минути, регистрира земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 степени, чиј епицентар се наоѓа на 132 км југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово.

Земјотресот, според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, е почувствуван во југоисточниот дел на државата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Најнови вести од Македонија

To top