Македонија

Земјотрес кај Кичево

Земјотрес кај Кичево

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиотфакултет во Скопје, вчера во 20 часот и 39 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Кичево, 75 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Кичево, Охрид и oколината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Најнови вести од Македонија

To top