Македонија УХМР

Земјоделските култури засега без последици, штети ќе има ако минусните температури се задржат повеќе денови

Снегот на планините ги зголемува резервите на вода кои ќе ги подобрат хидролошките услови оваа година.

Земјоделските култури засега без последици, штети ќе има ако минусните температури се задржат повеќе денови

Негативните температури што се спуштија до -18 степени на некои места, се вообичаени за овој период од годината и засега нема да имаат последици врз поледелските култури, овошките и виновата лоза, велат агрометеоролозите од УХМР.

Како што истакнуваат, овошките во овој период од зимата издржуваат до -28 степени, додека виновата лоза до -18 или -20.

-Поважно е колку долго време овие ниски температури ќе се задржат, дали едно деноноќие или подолго време, 5, 10 или 15 дена. Доколку ниските температури се задржат повеќе денови, ќе има штети врз земјоделските култури. Штетите би се појавиле на недоволно созреани папки и кај сорти каде постојат услови за измрзнување. Многу е важна и експозицијата на ниските температури, т.е колку долго овошките биле изложени на негативни температури. Експозицијата е важна и за виновата лоза.

Снегот на планините ги зголемува резервите на вода кои ќе ги подобрат хидролошките услови оваа година.

Според УХМР, до среда времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во пораст.  (МИА)

To top