-Во овој период овошките бараат одредена сума на ниски температури за да можат нормално да вегетираат идната година. Останатите земјоделски култури исто така бележат стагнација, нема развој и се во зимско мирување. Појавата на снег на планините ги зголемува резервите на вода кои би ги пододбриле хидролошките услови, велат агрометеоролзоите од УХМР.
Како што оценуваат, повремениот локален дожд и засилениот јужен ветер денеска и утре ќе придонесат температурите да бидат во значителен пораст. Промена на времето се очекува во сабота кога под влијание на влажен и студен бран ќе дува засилен северен ветер и ќе има врнежи кои на повеќето места ќе бидат од снег. Се очекува и формирање снежна покривка и во некои пониски места. Минималната температурата ќе се движи во интервал од -8 на повисоките места до 8 степени, а максималната температурата од 18 до -2 степена.