Македонија пожар

Здравковски: Како народен пратеник барам одговорност и од сопствениците на фирмите од каде е тргнат пожарот

Вечерва е локализиран пожарот што беснееше во околината на Велес, благодарение на натчовечките напори од страна на ТППЕ Велес, доброволците, полицијата, ЈКП Дервен и сите останати кои учествуваа во гасењето на истиот, напиша на Фејсбук пратеникот Игор Здравковски.

Здравковски: Како народен пратеник барам одговорност и од сопствениците на фирмите од каде е тргнат пожарот

Вечерва е локализиран пожарот што беснееше во околината на Велес, благодарение на натчовечките напори од страна на ТППЕ Велес, доброволците, полицијата, ЈКП Дервен и сите останати кои учествуваа во гасењето на истиот, напиша на Фејсбук пратеникот Игор Здравковски.

Проблемот е друг… Доколку имавме функционален систем ова немаше да се случи (барем не од волку големи размери).
Не може и не смее да се нема контрола над работењето и прописите кои се предвидени за заштита и наменети против предизвикување општа опасност! Не може и не смее газди кои работат со лесно запаливи материјали да немаат третман и соодветно складирање на истите! Не може и не смее газди каде се складирани експлозивни материјали да имаат неисправни хидранти! Постои инспекторат за животна средина кој очигледно ниту се грижи за истата ниту пак врши некаква контрола. Постојат инспектори кои се платени од наши пари, од парите на граѓаните кои верувам дека никогаш немаат извршено контрола онаму каде е започнат пожарот. Преку глава веќе од тате, бате, зете, дедо, комши, другар! Дајте бе еднаш веќе почнете да работите нешто, од вашите лични релации денес беа во опасност Превалец и Горно Оризари; и сите жители топтан затоа што на 15м од огромните резервоари полни со плин, и во халите полни со пластика, боци и хартии имаше пожар! Па јас сум убеден дека има пропишани стандарди кои мора да се почитуваат и некој попаметен од вас/нас ги предвидел, ваше е само да испаднете на терен и да проверите за да не заштитите нас граѓаните… Како народен пратеник барам одговорност и од сопствениците на фирмите од каде е тргнат пожарот во најмала рака заради несоодветно складирање и третирање на суровините кои ги преработуваат или чуваат, но барам одговорност и од државниот инспектор за животна средина доколку нема досега констатирано кршење на прописите, истакна Здравковски.

Претеравте веќе! И да не беше денес пожарот пак ќе останевме да бидеме темпирана бомба а оние газди (кој и да се) ќе вртеа милиони заобиколувајќи ги законите… Одговорност мора да има! Порача пратеникот Здравковски.

To top