Македонија втор круг локални избори

Заврши гласањето во Ранковце, затворени сите избирачки места

Висока излезеност го одбележа денот на гласањето и до 18:30 часот изнесува 69,34 отсто.

Заврши гласањето во Ранковце, затворени сите избирачки места

Гласањето во Општина Ранковце денеска беше мирно, a сите избирачки места се навреме затворени. Претседателот на Општинската изборна комисија во оваа општина, Орце Тодоровски, информира дека точно во 19 часот е завршено гласањето на вкупно 13-те избирачки места, а сите граѓани што се затекле на местото на гласање во тој момент го оствариле избирачкото право за избор на градоначалник и советници во општината.

Висока излезеност го одбележа денот на гласањето и до 18:30 часот изнесува 69,34 отсто.

Од вкупниот број граѓани, 2 921, запишани во Единствениот избирачки список, до 18:30 своето прво на глас го оствариле 2 024.

Тодоровски информира дека од терен веќе пристигнуваат првите обработени податоци од гласањето.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

На овие локални избори, осми по ред од осамостојувањето на државата, во вториот круг жителите на Ранковце одбираа помеѓу Даниел Павловски од ВМРО ДПМНЕ и Даниел Крстевски од СДСМ. Во првиот круг свој кандидат за градоначалник на општина Ранковце имаше и Левица.

Најнови вести од Македонија

To top