Македонија ВЛЕН

Заробена култура, „исчезнати“ фондови, наследството на ДУИ

Повеќе од 20 години на власт, Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја заборави албанската култура. Претставувањето на албанските уметници стана спорадично, финансирањето беше политизирано, а културните институции беа претворени во алатки на партиска пропаганда или извори на сериозна финансиска злоупотреба.-велат од ВЛЕН

Заробена култура, „исчезнати“ фондови, наследството на ДУИ

Соопштение на ВЛЕН:

„Повеќе од 20 години на власт, Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја заборави албанската култура.
Претставувањето на албанските уметници стана спорадично, финансирањето беше политизирано, а културните институции беа претворени во алатки на партиска пропаганда или извори на сериозна финансиска злоупотреба.

Граѓаните не забораваат. Еве ги фактите што зборуваат сами за себе: Филхармонијата со само 4% застапеност на Албанците. Операта и Балетот со само 1% застапеност. Агенцијата за филм затворена за албанските уметници. Националните фестивали, театрите и институциите за културно наследство беа заробени од клиентелистичка мрежа и затворени за албанските творци.

Уште полошо, културата не само што беше занемарена, туку во некои случаи беше користена како инструмент за лично богатење и злоупотреба на јавни средства.

Најскандалозниот случај: изградбата на новата зграда на Театарот и Библиотеката во Тетово, каде што, според официјалните информации, е во тек судски процес поради сомнежи за злоупотреба на 13 милиони евра.

Одговорностите се јасни, и никој не може да избега од минатото што сами го имаат создадено.

Денес, кога ВЛЕН е дел од Владата, не бегаме од одговорност — но и не дозволуваме оние што ја уништија албанската култура, денес да се претставуваат како нејзини „заштитници“.

Носиме нов пристап: подготвуваме сеопфатна стратегија за културно претставување на Албанците.
Првпат раководиме со културни институции кои никогаш претходно не биле раководени од Албанци.
Ги отвораме институциите за албанските уметници, со достоинство и врз основа на заслуги.
Ги поддржуваме проектите што и служат на јавноста, а не на партиските интереси.
Ја враќаме културата како столб на идентитетот и на општествениот развој.

ВЛЕН секогаш ќе стои на страната на еднаквоста, заслугите и националното достоинство.

ДУИ исклучуваше, ВЛЕН претставува.
ДУИ молчеше, ВЛЕН зборува со дела.
ДУИ ја злоупотреби културата, ВЛЕН и го враќа достоинството.

Културата не е празничен декор, туку суштински дел од општеството. Со ВЛЕН, таа повеќе нема да биде исклучена.“

To top