Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени за време на новогодишната вечер ги посети полициските службеници додека ги извршуваат нивните работни задачи во Секторот за внатрешни работи Тетово и Одделението за внатрешни работи Гостивар. Како и секоја година, празниците се прославуваат со семејствата или во друштво со пријателите, но МВР и полициските службеници се на работа и се посветени на гарантирање на редот, мирот и безбедноста на нашите граѓани ширум државата.
Целта на оваа посета беше да се споделат неколку празнични моменти со дежурните полициски службеници како едно големо полициско семејство, да им се заблагодариме за нивната работа и да ги поттикнеме во натамошното професионално извршување на нивните должности и обврски. Во Новата 2025 година како Министерство за внатрешни работи заедно со граѓаните да придонесеме за подобра заедничка и безбедна иднина на државата.