Македонија Министерство за економија и труд

Заменик-министерот Ристески ја посети компанијата Асинус во општина Македонски Брод

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески заедно со градоначалникот на Македонски Брод, Жарко Ристески ја посетија компанијата Асинус во оваа општина.

Заменик-министерот Ристески ја посети компанијата Асинус во општина Македонски Брод

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески заедно со градоначалникот на Македонски Брод, Жарко Ристески ја посетија компанијата Асинус во оваа општина.

Компанија Асинус се бави со производство, откуп и преработка на овошје, шумски плодови и печурки, а истата во континуитет вложува во модернизација и приширување на производните капацитети.

Во изминативе неколку години компанијата има инвестирано во ладилни комори со био турбо (Bio Turbo) системи кои го отстрануваат гасот етилен и го продолжуваат рокот на траење на овошјето, воведен е процес на лиофилизација (freeze drying) со што се овозможува зачувување на 98% од хранливите состојки на овошјето без хемиски додатоци, а основана е и сопствена лабораторија за нутритивна анализа и верификација на квалитетот.

– Оваа компанија е успешен пример и приказна за компанија која расте и се развива преку континуирани инвестиции во модернизација на производствените капацитети и нови технологии. Министерството за економија и труд им стои на располагање на македонските компании, каде нудиме голем број на мерки за финансиска поддршка преку јавните повици од програмите за работа на министерството, како и преку мерките наменети за раст на компаниите во рамки на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот, кажа заменик-министерот Ристески.

To top