Македонија

„Законите со кои се овозможува градење на фотоволтаици во Источна Македонија се голема катастрофа која ја подготвува владата за генерациите кои не се родени“

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната негова посета во општина Бутел запрашан како ги коментира 4-те закони со кои се овозможува градење на фотоволтаици во Источна Македонија посочи дека тоа е една голема катастрофа која што ја подготвуваат од страна на владата и на генерациите кои што не се родени.

„Законите со кои се овозможува градење на фотоволтаици во Источна Македонија се голема катастрофа која ја подготвува владата за генерациите кои не се родени“

-Тоа е една голема катастрофа, која што ја подготвуваат од страна на владата на Македонија и на генерациите кои што се неродени. Таму на пример имате фотоволтаици кои што се преименуваа во агрофотоволтаици, термин кој што го продаваат како нов, а кој што е познат веќе неколку децении. Инвестиции кои што се целосно увозно компонента, инвестиции кои што не се трудоинтензивни, инвестиции кои што ќе влијаат негативно врз стоковата размена на Македонија со странство, нема да има додадена вредност за македонската економија, се гарантира откупот на цената со одредена цена на електричната енергија. Ниту една друга електрана во која што инвестираат македонски компании не и е гарантиран откупот, не знам што се толку посебни оваа француска компанија и бугарска компанија, дали можеби има нешто друго кое што не го знаеме, потенцираше Мицкоски.

Тој исто така порача дека би било добро такви инвестиции на Македонија да види и во Бугарија и во Франција, кои под истите услови би инвестирале на толкава голема земја по загарантирана цена.

-Јас тоа го кажав на трибината, еве бидејќи тие компании велат дека и мислат добро на Македонија со овие инвестиции, јас би сакал исти такви инвестиции да видам на Македонија во тие земји, и во Бугарија и во Франција, па и ние нешто добро да направиме и за Бугарија и за Франција. Зошто само тие да прават добро за Македонија, еве и ние нешто добро да правиме под истите услови, македонските компании да може под истите услови да инвестираат на толкава голема земја, земјоделско земјиште, фотоволтаици и во Франција и во Бугарија по загарантирана цена, рече Мицкоски.

To top