Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список за гласањето на повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Изборите ќе се одржат веднаш по новогодишните и божикните празници на 11 јануари 2026.
Во Гостивар во Избирачкиот список се запишани 82.870 граѓани со право на глас, во 78.185 гласачи се постојани жители на општината, во посебниот ИС за лица кои живеат во странство се запишани 4 604 гласачи, додека во затвор или во притвор се 81 лице.
Во Избирачкиот список за Маврово Ростуше се запишани 10575, од кои во посебниот Избирачки список за жители во Општината 9 622, во странство 951, а во затвор или во притвор се двајца.
Во Избирачкиот список за Врапчиште запишани се 27 279 граѓани со право на глас, 26 318 во посебниот Избирачки список за жители од Општината, во посебниот ИС за гласачи кои живеат во странство се запишани 950, а 11 во затвор или во притвор.
Бројот на гласачи во Центар Жупа запишани во Избирачкиот список се 7 562, од нив 6 305 во оштината, во посебниот ИС за гласачи во странство се запишани 1257 лица.
ДИК го усвои Упатството за гласање во избирачките места со помалку од десет гласачи. Такви има две во Гостивар и тоа 0480 (7) и 0154 (3) и во Маврово Ростуше пет: 0463 (6), 0482 (5), 0484 (5), 0485 (8) и 0485 (5).
Претседателот на ДИК Борис Кондарко, посочувајќи на упатството истакна дека ОИК во четирите општини треба да го организира гласањето за да им се овозможи на овие лица во најблиските гласачки места да го остварат своето право на глас.
– Државната изборна комисија тековно ги спроведува сите активности за спроведување на изборите на 11 јануари, истакна Кондарко