Македонија денеска во 10 часот

Закажана седница за избор на претседател на Уставниот суд

Уставниот суд на седница избира претседател на Уставниот суд од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање.

Закажана седница за избор на претседател на Уставниот суд

Денеска во 10 часот е закажанa седница за избор за претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Според член 7 од Деловникот:

„Уставниот суд на седница избира претседател на Уставниот суд од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање.

Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд.

Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите.

Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува.”

Најнови вести од Македонија

To top